ТАЧИ ИЗЈАВИ ДЕКА НЕ Е ВИНОВЕН ЗА ВОЕНИ ЗЛОСТОРСТВА

Поранешниот водач на ОВК и сегашен политичар, Хашим Тачи, ги отфрли обвиненијата за воени злосторства против него. Тој минатата недела поднесе оставка на функцијата претседател, пред да биде префрлен во Хаг.

„Го прочитав и не се согласувам со ниту едно.Обвинението е целосно неосновано и изјавувам дека не сум виновен“, изјави тој. Тачи, заедно со уште тројца поранешни високи припадници на ОВК, Кадри Весели, Реџеп Селими и Јакуп Красниќи, е обвинет за злосторства против човештвото и за воени злосторства, извршени „најмалку од март 1998 до септември 1999 година“.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста