Tрагедија во домот на славниот пејач од групата „One Direction“ : по смртта на неговатa мајка, умре и неговата сестра

Сестрата на пејачот на славната група „One Direction“  Фелисите Томлинсон ненадејно почина на 18 години.

Станува збор за сестрата на славниот пејач Луис Томлинсон која починала во својот стан во Лондон најверојатно од инфаркт.

Медиумите во Британија објавуваат дека таа е позната инфлуенсерка и сакала да стане дизајнер, а на својот Инстаграм профил ја следеле повеќе од 1.4 милиони луѓе.

Ова е втора трагедија во домот на пејачот откако во 2016 година почина неговата мајка која ја загубила тешката борба со леукемијата.

Би-Би-Си објавува дека полицијата откако влегла во нејзиниот стан повикала и брза помош откако претходно биле информирани дека девојката имала инфаркт.

Полицијата информира дека обдукцијата е во тек, а таа починала на лице место.