Tетовските студенти на протести против непотизам, корупција и дискриминација

Низа барања за подобрување на условите за студирање,изнесоа денеска тетовските студенти на протестот што го организираа на градскиот плоштад.Бараат департизација на Универзитетите,стоп на непотизмот и корупцијата во образованието, подобрување на условите во предавалните,ставање крај на дискриминацијата кон студентките, за кои тврдат дека се условувани со безобразни акти,во замена за оценка.

Студентите тврдат дека поради притисоци, многу нивни колеги не дошле на денешниот протест,но велат дека нема да се откажат додека не им се исполнат барањата.Очекуваат поддршка од професорите,а најавија проширување на протестите и во Скопје.