Tензично во Kарпош – револтирани граѓани бараат да не се изгласа дуп со кој им се краде приватен имиот

Тензии, препукувања, навреди на презентацијата на деталниот урбанистички план за дел од Општина Карпош. Група граѓани се кренаа против планот на локалната власт да се проширува улица за да се обезбеди пристап до локации на кои требало да се градат нови згради. Станува збор за 4 слепи улички меѓу кои и улицата Петар Чајковски кои треба да бидат проширени. Жителите се револтирани и бараат планот да не помине бидејќи тој предвидувал да им се одземе дел од нивните дворни места. Поголемиот дел не биле ниту информирани дека таков план е веќе изготвен и треба да оди на финално усвојување

Од општината велат дека сообраќајното решение имало за цел да обезбеди пристап до околните објекти. За сите проблеми и реакции велат дека може да се поднесат жалби кои ќе биле разгледани.

Дел од жителите бараат да се најде поинакво решение и тврдат дека имаат алтернативи

Таа улица што е планирана низ нашата улица е сервисна предвидена а ќе стане втора Иван Цанкар. Значи јас ги жалам жителите што живеат на таа улица бидејќи секојдневно им поминуваме до куќите и немаат мир ни ден ни ноќ. Тоа ќе ни се случи и нас ако дозволиме нашата улица да стане сервисна. Не мора таа улица нашата да биде сервисна, може да биде пристапот решен и од околу. Сега има правила во проектирањето меѓутоа секој пат има решение, изјави Анче Толевска – Проектант Урбанист

Од граѓаните имаше и закани дека ако се изгласа планот ќе поднесат кривични пријави кон општината бидејќи наместо да навлезат во државно земјиште тие земаат од приватниот имот на жителите.

Бојана Златкова