СЗО за следната недела очекува бројка од 10 милиони заразени

Светската здравствена организација (СЗО) очекува бројот на инфекции од коронавирус во светски рамки следната недела да достигне 10 милиони.

Директорот на oрганизацијата, Тедрос Адханом Гебрејесус изјави дека  во СЗО досега се пријавени 9,1 милиони случаи и повеќе од 470.000 починати. Во првиот месец од епидемијата се пријавени помалку од 10.000 заразени, а во последниот месец скоро четири милиони.

Директорот на СЗО повтори дека сите имаат одговорност да сторат сé што е во нивна моќ во борбата против вирусот и за спас на човечки животи.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста