СЗО: Вчера регистрирани најголем број на новозаболени од коринавирус на дневно ниво од почетокот на пандемијата.

Светската здравствена организација (СЗО) објави дека вчера регистрирале најголем дневен број на новозаболени од новиот коринавирус од почетокот на пандемијата.

Повеќе од 183,000 нови случаи беа регистрирани ширум светот во неделата.

Најмногу се пријавени во Бразил – 54.771 случаи, а потоа следат САД со 36.617. Повеќе од 15.400 заболени биле пријавени во Индија за еден ден.

Експертите велат дека зголемувањето на бројот на случаи може да е одраз на повеќе фактори, вклучително и повеќе тестирање, но и ширење на инфекцијата.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста