СЗО се премисли: Вирусот го пренесуваат и асимптоматските носители

Откако вчера на брифинг Д-р Марија Ван Керхов, високата експертка на Светската здравствена организација, рече дека асимптоматските носители ретко им го пренесуваат вирусот на други, денеска го повлече претходното тврдење. Таа кажа дека тоа било засновано на само две или три студии и дека е „недоразбирање“ да се каже дека асимптоматскиот пренос е редок на глобално ниво.

„Јас само одговарав на едно прашање, не кажав правило на СЗО или нешто такво“ – рече таа.

Научната јавност остро го критикуваше СЗО дека создава конфузија за ова прашање и рекоа дека изјавите на д-р Ван Керхов не ги одразуваат тековните научни истражувања.

Сите најдобри докази сугерираат дека луѓето без симптоми можат да го шират и го шират САРС-КоВ-2, вирусот што предизвикува ковид-19, рекоа денеска научниците од Глобалниот здравствен институт Харвард во соопштение.

Давањето прелиминарни податоци за клучните аспекти на коронавирусот без доволен контекст може да има огромно негативно влијание врз начинот на кој јавноста и политичарите постапуваат во пандемијата!

Еден масовно цитиран научен труд објавен во април сугерираше дека луѓето се најзаразни два дена пред почетокот на симптомите и процени дека 44 проценти од новите инфекции се резултат на пренесување од луѓе на кои сè уште не им се појавиле симптоми.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста