СЗО: Расте бројот на новозаболени во Европа, нов бран во најава ако не сме дисциплинирани

ветската здравствена организација денеска соопшти дека заврши периодот на двомесечно континуирано намалување на случаите со коронавирус во Европа.

Од СЗО предупредуваат дека ќе има нов бран „доколку не останеме дисциплинирани“.

-Минатата недела, бројот на случаи се зголеми за 10 проценти како резултат на зголеменото мешање, патувања, собири и олеснување на социјалните ограничувања, рече на прес-конференција регионалниот директор на СЗО за Европа, Ханс Клуге, пренесуваат француските медиуми.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста