СЗО повтори дека е можен втор бран на Ковид-19

Светската здравствена организација предупредува дека земјите сè уште би можеле да се соочат со „непосреден втор бран“ ако пребрзуваат со укинувањето на мерките против пандемијата со Ковид – 19. Повеќе од 5,5 милиони потврдени случаи на коронавирус и 346,000 смртни случаи.се регистрирани ширум светот. Светската здравствена организација соопшти и дека привремено ќе го изостави анти-маларискиот лек – хидроксихлорокин – од својата глобална студија за третман на Ковид-19. СЗО изјави дека го прави тоа затоа што нејзините експерти треба да ги разгледаат сите расположиви докази.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста