СЗО нема одобрено вакцина, македонските власти се фалат со набавки, граѓаните песимисти за вакцината

На неизмислена вакцина здравствените власти кројат планови колку дози и кој прв да биде вакциниран до крајот на годината или почетокот на следната. Најавите од надлежните се дека здравствените работници, луѓето над 65-годишна возраст и младите со хронични болести ќе бидат приоритетните 20 отсто од населението кое ќе биде имунизирано . Истовремено, најновата препорака од СЗО гласи дека младите и здрави луѓе вакцината против ковид ќе ја почекаат до 2022 година. Од ЕК пак, спасот од пандемијата Ковид-19 не е во вакцините, туку во вакцинацијата.

Граѓаните загрижени и во неверување дека во скоро време ќе ја има вакцината против коронавирусот. Мислењата поделени – едни спасот го гледаат само со вакцинацијата, за други се зависи од сигурноста и потеклото на вакцината.

И инфектолозите песимисти. Д-р Вело Mарковски е дециден – вели задолжителната вакцинација е погрешен чекор и тој лично нема да се вакцинира.

Веќе две големи фармацевтски компании го паузираат тестирањето на вакцините. По Астра Зенека која работи со Оксфордската вакцина, сега и американски Џонсон анд Џонсон го стопираше клиничкото испитување. Оксфордската вакцина исто така е ставена на пауза откако во третата фаза на кличничко тестирање кај еден учесник се појавиле невролошки симптоми. Блиску до целата е и американскиот фармацевтскиот гигант Модерна, кој најави дека ке побара ограничено користење на нивната вакцина кај високо ризичните групи.

И компанијата Фајзер заедно со германската Бионтех е во тертата фаза на клиничко тестирање, сепак сите овие вакцини треба да бидат одобрени. Во Русија пак веќе е регистрирана и втората вакцина против ковид.

Ања Василева

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста