Откако истражувањето во Британија, за тоа како влијае дексаметазонот на пациентите со Ковид 19, покажа позитивни резултати,  СЗО повика да се зголеми производството на овој лек.

Овој стероид значително ја намалува смртноста кај пациенти со тежок облик на корона вирус.

– Се соочуваме со нови предизвици: зголемување на производството и брза и правична дистрибуција на Дексаметазон ширум светот, фокусирајќи се на тоа каде е најпотребно, нагласи генералниот директор на Светската здравствена организација, и додава дека тоа е евтин лек и може многу фабрики низ светот да го забрзаат производството.