СВР Тетово санкционираше 154 возачи за пречекорена брзина

На 27.09.2020 во периодот од 13.00 до 19.00 часот на подрачјето на СВР Тетово спроведена е републичка акциска контрола за брзина.

Притоа, санкционирани се 154 возачи (ТЕ-121 и ГВ-33) кои ја пречекориле брзината во и надвор од населено месето. Секторот за внатрешни работи Тетово и наредните денови продолжува со засилени акциски контроли.

Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста