Светските лидери му ја честитаат историската победа на Трамп

Светските лидери му ја честитаат историската победа на Трамп

Светските лидери му честитаат на Доналд Трамп. Откако досегашните резултати покажаа дека републиканецот по втор пат ќе влезе во овалната соба. Меѓународните лидери масовно преку објави на социјалните мрежи, како и во обраќања во живо, му упатија честитки.

Европската Унија ја поздрави неговата победа. Претседателката на Европската комисија Фон дер Лајен, му порача дека со нетрпение очекува повторно да работи со него за унапредување на силната транс-атлантска агенда.

Европската унија и САД се повеќе од обични сојузници. Ние сме обврзани со вистинско партнерство меѓу нашите луѓе, обединувајќи 800 милиони граѓани, вели претседателката на Европската комисија, Фон дер Лајен во честитката до Трамп.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан,беше меѓу првите од европските лидери кој упати честитки на Трамп,тој ја нарече неговата победа „најголемото враќање во политичката историја на САД“.

„Најголемото враќање во политичката историја на САД! Честитки до претседателот Доналд Трамп за огромната победа. Многу потребна победа за светот“- изјави Орбан.

Францускиот претседател Емануел Макрон во честитката истакна дека е „подготвен да работи заедно со САД како што тоа било изминатите честири години.

И Турскиот претседател Ердоган упати честитка до Трамп.

„Се надевам дека односите меѓу Турција и САД ќе се зајакнат, дека регионалните и глобалните кризи и војни, особено палестинското прашање и руско-украинската војна, ќе завршат. Верувам дека ќе се направат повеќе напори за поправеден свет“– вели Ердоган.

„Вашето историско враќање во Белата куќа нуди нов почеток за Америка и моќна посветеност на големиот сојуз, Израел и Америка“, порача израелскиот премиер Нетанјаху во честитката до Трамп.

Украинскиот претседател Зеленски во честитка до Трамп рече дека верува во продолжување на американската поддршка за Украина. Честитки до Трамп упатија и премиерите на Обединетото Кралство, Италија, Австрија, Романија, Полска и Индија.

Кремљ нема информации дека Владимир Путин планира да му честита на Доналд Трамп за победата на претседателските избори. Оттаму додаваат дека луѓето не треба да заборават дека САД се непријателска држава кон Русија.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста