Светските берзи реагираат позитивно на епилогот од изборите во САД

Светските берзи реагираат позитивно на епилогот од изборите во САД

Победата на Доналд Трамп испрати позитивни сигнали врз бизнисот, а со тоа и пазарите на капитал. Волстрит позитивно реагираше уште вчера, додека азиските берзи се во плус по резултатите од изборите. Во позитива се и германските, француските и британските берзи. Претходно и доларот зајакна во однос на другите валути, а рекордно ниво од над 75 илјади долари достигна и биткоинот. Мала загриженост предизвикува најавата на Трамп за подигнување на царините на стоките кои доаѓаат од најголемите трговски партнери на САД. Сепак, бизнисите во Европа најавуваат силен инвестициски циклус и покрај тоа што најверојатно ќе чекаат на дополнително намалување на каматите за да влезат во поголеми вложувања. Банкарите се надеваат дека САД да ги консолидираат јавните финансии.

Меѓународните пазари се уште се во знакот на високите стапки на инфлацијата. Перформансите на Германија како наш најголем трговски партнер се подобри од очекувањата, но неизвесноста останува. Вицегувернерката Ана Митреска вели дека меѓу ризиците врз можното задржување на стапките на инфлација се вбројуваат и цените на храната и енергијата, како и  растот на платите.

Од Шпаркасе банка, која го организираше 11-тиот традиционален Инвеститорски појадок, велат дека намалувањето   на   каматните стапки   очекувано   ќе доведе до зголемен интерес за кредити и забрзување на инвестицискиот циклус.

Инаку, Владата за догодина очекува силен инвестициски циклус. Потврда за тоа се одвоените 800 милинои евра з акапитални инвестиции. На глобално ниво, растот треба да забрза, а изборот на Трамп за претседател на САД, според европските аналитичари треба да донесе помалку прописи за развој на напредната технологија и трансфер на крупните финансии.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста