Светскиот првак во финишот прокоцка победа против Турција

Фудбалерите на Франција на „Стап ’ Франс“ не успеаа да ја совладаат Турција во директниот дуел за првото место во групата Х. Овој меч заврши 1-1, а светскиот првак успеа да го скрши отпорот на Турција во 76 минута кога по една акција Гризман го проигра Жиру кој го постигна погодокот. Сепак, радоста на французите не траеше долго, откако во 82 минута Турција преку Ајхан израмни на 1-1.

И по ова коло идентична е ситуацијата на табелата во оваа група, односно двете селекции имаат по 19 бода, но Турција поради подобра гол разлика ја држи првата позиција.

Во рамки на групата Х Исланд рутински ја совлада Андора со 2-0 и со 15 бода остана во игра за едно од првите две места, додеа Албанија оствари јалова победа на гостувањето во Молдавија од 0-4.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста