Светски прваци – играна серија
Кратка содржина:
ТВ серијата Светски прваци раскажува за историјата на кошарката во поранешна Југославија, прикажувајќи ја преку повеќе временски периоди. Приказната започнува во 2001 година, за време на Европското првенство во Турција, и се навраќа на клучните моменти што довеле до освојувањето на првото злато на репрезентацијата во Љубљана во 1970 година.
Откако Невена добива задача да сними документарен филм за претстојното кошаркарско првенство, не знаејки скоро ништо за овој спорт таа станува очајна. По еден случаен разговор со нејзиниот дедо, таа дознава дека се што и треба за да ја исполни зададената задача е токму тој. Имено дедото ( Раде Шербеџиа) е “виновникот” за поставувањето на првиот кош во Југославија на тврдината Калемегдан. Тој е парчето што недостасува за сите да дпзнаат повеке за славната генерација на југословенски кошаркари кои достигнале небесни успеси.
Серијата комбинира лични приказни и историски моменти, прикажувајќи го развојот на кошарката и нејзиното влијание врз општеството.
Улоги: Страхиња Блажиќ, Жарко Радиќ, Леон Лучев, Раде Шербеџија, Невена Ристиќ, Александар Радојиќиќ, Милош Биковиќ, Марко Јанкетиќ, Драган Миќановиќ, Радивоје Буквиќ, Сергеј Трифуновиќ, Славен Џуашли, Небогашли Богдан, Џон Севиџ, Тамара Драгичевиќ, Нина Јанковиќ, Стефан Капичиќ, Игор Ковач, Роберт Курбаша, Крешимир Петар Ќосиќ, Лазар Ристовски, Катарина Час…
Производство: Intermedia Network
Режија: Дарко Бајиќ
Продуцент: Дејан Петровиќ
Креативен продуцент и копродуцент: Звонимир Шимунец
Извршен продуцент: Балша Ѓого
Сценарио: Небојша Ромчевиќ, Горан Свилачиќ, Гордан Михиќ, Бранка Грбиќ
Директор на фотографија: Зоран Јовановиќ
Музика: Зоран Кики Лесандриќ
Костим: Драгица Лаушевиќ
Монтажа: Филип Дедиќ