Светозаревиќ: Спорот со Бугарија не може да се реши дневно политички, има бугарски историчари кои го обвинуваат македонскиот народ само затоа што постои

„Има бугарски историчари кои го обвинуваат македонскиот народ само затоа што постои“ – „Бугарската наука има проблем со изворите кои го докажуваат постоењето на Македонците, „Бугарските политичари мака мачат да ја изолираат јавноста од сведоштва кои се стари повеќе од 15 века“ – ова беа пораките кои ги испрати професорот Бранислав Светозаревиќ Покорни – автор на книгата „Македонци – Милениумски сведоштва за идентитетското име“. Според него, ако затвориме очи пред вистината, не значи дека не постои – а токму таков обид прави Бугарија, негирајќи го македонскиот идентитет.За спорот со Бугарија вели дека не може да се реши дневно политички и се додека има тенденција на негирање, ќе се движиме во ќор сокак.

Во оваа книга се проследуват и сите важни документи кои докажуваат дека негирањето на Македонците од Бугарија постои 150 години, и кога некој негирате 150 години, тоа е најголем доказ за неговото постоење. Кога сме нападнати идентитетски од некои институции, и нашите институции соодветно да одговорат, посебно научниците, кои си ја знаат работата и не смеат да бидат  на страна од овие случувања, затоа што секоја таква грешка може да има големи последици – изјави професор Бранислав Свтозаревиќ Покорни, историчар и архивист.

Во нигата која е сублимат на се она што македонската историографија во последниве 75 години го  има откриено се цитирани над 1000 документи и извори, кои покажуваат дека последните 1500 години, македонците се спомнувани во три форми – територијална, народносна и национална самосвест.

Адријана Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста