Светот точно една година се бори со Ковид-19, вакцина сѐ уште нема

Една година живот со корона вирусот

Една година живот со корона вирус. Нулта пациентка е регистрирана, според кинеските медиуми, на 17 ноември 2019 година во кинеската провинција Хубеи. Тоа е повеќе од еден месец пред лекарите да ги регистрираат првите случаи во Вухан.

Оттогаш, бројот на заразени лица во светот надмина 55 милиони, а повеќе од 1.300.000 луѓе починаа од последиците предизвикани од овој вирус..

Експертите тврдат дека од 17 ноември минатата година, по неколку пациенти биле пријавувани секој ден, а на 15 декември 2019 година, бројката се искачила на 27. Потоа бројките почнаа да вртоглаво се зголемуваат, а заразата ја премине кинеската граница и се рашири низ светот. Речиси не остана ниту една област на земјината топка каде што не продре опасниот вирус.

Досега над еден милион и 300 илјади го изгубија живот, а речиси  39 милиони луѓе се избореле со вирусот. Но ковид 19  не се откажува и се чини дека врвот допрва доаѓа. Во моментов во светот има повеќе од 15 милиони активни случаи. И по една година живот со чумата вакцина се уште нема. Pfizer и BioNTech објавија дека нивната вакцина, која е во третата фаза на тестирање, е ефикасна 90 проценти. Вчера се огласи и фармацевтската фирма „Модерна“, дека имаат развиено вакцина за Ковид-19 ефикасност од 94,5%, но СЗО смета, дека иако тоа е прилично охрабрувачки, потребни се повеќе податоци да се потврди.

Во Австрија од денеска целосен карантин, се затвораат и училиштата

Австрискиот Парламент донесе одлука за втор „клуч“ на земјата , со ограничување на движењето во текот на целиот ден.

Новите мерки за целосен карантин, направени по пример на оние што беа во сила изминатата пролет, ќе почнат да се применуваат од утре и ќе важат до 6 декември, а целта им е драстично намалување на контактите.

Покрај угостителските и хотелските капацитети, затворени се и продавниците, освен за храна, аптеки, банки, пошти, бензински пумпи.

Ограничувањата во движењето се проширени на целиот ден, така што граѓаните ќе можат да излезат од дома само ако треба да ги купат најважните производи, да одат на работа, да се прошетаат од ментални и физички причини или заради прошетка на својот домашен миленик.

Училиштата исто така се затвораат, односно учениците на сите возрасти се селат на учење од дома.

Словенечката влада повторно прогласи епидемија

Словенечката влада ја продолжи епидемијата за уште 30 дена во кои ќе може да се преземат мерки за забавување на ширењето на вирусот, а одлуката ќе стапи на сила во среда, соопшти владата во Љубљана.

На денот на првата одлука за прогласување епидемија на 19 октомври, во Словенија беа регистрирани 726 нови инфекции, а вкупниот број на смртни случаи изнесуваше 188, но ситуацијата значително се влоши, и покрај поригорозните мерки.

Во последниве недели имаше и над две илјади новоинфицирани лица на ден, бројот на смртни случаи се зголеми на 831, а во болниците имаше скоро 1.300 пациенти, што создаде проблеми во функционирањето на здравствениот систем.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста