Света архиерејска литургија во Охрид во чест на Митрополитот на дебарско-кичевската епархија, Тимотеј

Света архиерејска литургија во Охрид во чест на Митрополитот на дебарско-кичевската епархија, Тимотеј

Верниците се простуваат од третиот митрополит на дебарско-кичевската епархија г.Томитеј. Светиклиментовиот храм на Плаошник беше претесен,доаѓаат од сите краишта на Македонија за да се збогуваат изразувајќи почитување и благодарност за се’ што направи.

-Лично јас го знам затоа што повеќе време работев во црквата Плаошник.Да ви кажам беше искрен човек,човек од кого можете се да слушнете,убави работи и за црквата и се друго.-Ќе го паметам како добар раководител на нашава епархија,остави добри впечатоци за нас верниците; -Многу добар човек,стабилен и си ја гледа верата, ја почитува многу и затоа дојдов не сум од тука, почит да му дадам

Митрополитот Тимотеј беше столб на МПЦ, неговите дела ќе останат врежани во историјата на нашата црква-истакна во прошталното слово Епископ Антаниски г.Партениј,кој чиноначалствуваше со светата Архиерејска литургија.

 “МПЦ чувствува голема загуба бидејќи тоа беше еден човек мирољубив и особено придонесуваше за стабилноста и мирот во светиот архиерејски Синод. Епархијата ја водеше со голема посветеност, скоро 40 и повеќе  години, возобнови многу манастири во неговата епархија монаштвото е најбројно така што нашите милитви се со него”-рече Епископ Антаниски г.Партениј

Со владиката се збогува и градоначаникот на Охрид, ова е вели огромна загуба за целата епархија заради делата кои тој ги остави зад себе и успеа да го приближи народот до црквата.

 “Огромна е тагата, меѓутоа треба да бидеме радосни што имавме еден ваков владика во оваа епархија која што по многу нешта е значајна за Македонија не само за Охрид и овај регион”-рече Кирил Пецаков-градоначалник на Охрид

Митрополитот дебарско-кичевски кој почина на 73 годишна возраст, ќе биде погребан во четврток.Ќе почива во дворот на возобновениот манастир Свети Климент и Пантелејмон на Плаошник кој е круна на неговата градителска дејност. До вечниот дом ќе го испратат голем број црковни великодостојници но и државници.

Посмртните останки на владиката г.Тимотеј се изложени овде во Светиклиментовиот храм на Плаошник.Безмалку половина од својот живот го помина како Митрополит на Дебарско-кичевската епархија.Големи се неговите заслуги и продонес на патот кон признавање на самостојноста и афтокефалноста на МПЦ.Тој придонесе многу и во зајакнување на духовниот живот во Македонија.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста