Свеста за сообраќајна култура во Тетово се помала, прекршоците се побројни

Брзо возење, седнување зад волан без дозвола, неисправни возила, алкохолизирани возачи.Сообраќајната култура во Тетово не постои.Се чини вози кој како сака по свои правила и прописи.Годинава, двојно е зголемен бројот на сообраќајни прекршоци во Тетово, споредбено со лани,велат во тетовската полиција.

И тетовци велат дека сообраќајната култура ни е нула.Ниту возачите, ниту пешаците си ги знаат и почитуваат правилата.

И сообраќајната инфраструктура во градот не е за фалење.Метеж и хаос низ улиците е секојдневие.Потребни се паркинзи, пробивање на одредени улици,изградба на обиколници- сериозна стратегија за решавање на бројните проблеми. Но,сето ова засега е само ветување и далеку од реализација.

Милена Вучевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста