Сведоштво за Алфа: Ми закажаа термин за вакцинација и ме вратија од пунктот – зошто било грешка

Добив термин за вакацинација – ама не ме вакцинираа зошто имало грешка. 63 годишната Сузана Николовска која 20 години живее со хронична болест и е оперирана од канцер за Алфа револтирано раскажува за лошото искуство во вакциналниот пункт во А1 Арената Борис Трајковски. Ни ја покажа и пораката од Мој Термин каде има термин за вакцинација во 11.40 часот. Кога стигнала волонтерите од Црвен Крст и рекле дека не може да биде вакцинирана со образложение дека ја нема во системот.

Јас побарав да се видам со некој одговорен. И се појави Елица Стојановска од Министерството за здравство беше многу не љубезна и ми рече дека тој тел. број не бил мој. Мој Термин пратил порака на тој број ама тој број не бил мој.Јас ја убедував и кажав дека јас ги плаќам сметките за овој број.Јас тој број го имам повеќе од 5 години. Она ме замоли да си одам па кога ќе дојдат 63 годишни на ред да дојдам и да се вакцинирам.Јас бев многу револтирана, значи денот е лош и врнежлив јас дојдов со два автобуси и треба да се вратам со два.” –  вели госпоѓа Сузана Николовска.

Упорноста на Николовска не завршува тука таа инсистирала да се најде некое решение.

Јас не можев да се помирам со такво однесување и и реков најдете начин преземете нешто – нема начин ве нема во системот и толку.И јас викам не си одам додека не ме вакцинирате и таа ми рече седете и пет часа нема да ве вакцинираме.” – вели Николовска.

Приказната продолжува, Николовска се соочила со проблем и со полициски службеник каде била принудена да ја напушти просторијата.

“Нека чујат сите, не може вака.Службените лица беа страшно некултурни спрема мене ми кажаа дека докторите не се криви што настанала грешка и дека јас не смеам тука да седам и да излезам на дождот.Јас ниту го рушам редот ниту сум опасна…ниту имам оружје ниту ширам зараза зошто не можам да седам тука? И тогаш ми побараа лична карта им ја покажав и пораката за да знаат зошто сум тука.Господинот полицаец ми рече дека не знае ни да ја прочита пораката може не знае ни латиница.” – вели Сузана Николовска.

Реакцијата на телевизија на Николовска сепак ги предомисли докторите од А1 Арената па и кажале дека во следните денови ќе биде повикана за вакцинација.

Ања Василева

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста