Свечено пуштена во употреба доградбата на детската градинка ,,Гоце Делчев” во Илинден
Во општина Илинден беше пуштена во употреба доградбата на детската градника Гоце Делчев.
На свеченоста присуствуваа премиерот, министерот за социјална политика и градоначалникот на Општина Илинден Александар Георгиевски.
Во овој дел ќе бидат сместени најмалите дечиња, односно јаслените групи, но со можност во иднина тука да се згрижуваат дечиња од сите возрасти, односно до 6 годишна возраст. Па така овој објект во даден момент ќе може да згрижува и до 60-тина дечиња.
„Потребата за овој објект беше голема зашто Илинден е а Општина кадешто бројот на население брзо се зголемува, пред се кај популацијата на млади брачни парови, коишто својата иднина ја гледаат во тука“, изјави градоначалникот Георгиевски.