СВАДБИТЕ ОД РЕСТОРАНИТЕ СЕ ПРЕФЛИЈА ДОМА,УКИНУВАЊЕТО НА ЗАБРАНАТА СЕПАК, ЌЕ ЗНАЧИ ПОГОЛЕМА КОНТРОЛА ОТКОЛКУ СЕГА

Свадбите и семејните веселби се префрлија од рестораните дома.Забраната за славењето по угостителските објекти се почитува, но семејни собирања сега се во домашни услови, па никој не може ниту да контролира, ниту да казнува.Од тетовскиот пазарен инспекторат велат дека се свесни за ова,и токму затоа  сметаат дека е потребно со одредени протоколи,веќе да се дозволи свадбите да се прават и во ресторани,каде барам ќе има контрола.

Од ресторан,сега прават дома свадби, имаме толеранција, сепак свадба е свадба..треба да има некоја измена, ако на пример во еден рестореан за исхрана имаш околу 90 луѓе, зошто да не може во еден салонски ресторан со капацитет од 500 души да се организира таква манифестација” изјави Лулзим Мемети-Раководител на ДПИ Тетово

 И угостителите едвај чекаат дозвола да почнат со организирање свадбени веселби,на кои велат,би се почитувале сегашните протоколи за дистанца и намален капацитет на гости.Финансискиот удар им е преголем од веќе загубената сезона.

“Поради кризата се соочува со тешки економски последици, сметатме дека со овие протоколи можеме да се орагниизраме за вакви семејни веселби “ изјави угостителот Драган Јаковчевски

Досега само еден угостителски објект во Тетово е казнет поради организирање на голема свадбена веселба, минатиот месец.Славењето го издадоа социјалните мрежи на кои почнаа да кружат слики од свадбата.

Милена Вучевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста