Свадбите го вратија вирусот во тетовско, надлежните не гледаат проблем

Свадбите го вратија вирусот во тетовско.50-тина нови заразени со ковид се регистрирани за само една недела.Сеуште се правело типизација,па не се знае дали се работи за делта сојот.Главно заразените се од семејните прослави, кои ги има секојдневно во градот.Печалбарите се дојдени во огромен број, па свадби се тераат на големо-без маски, без почитување на мерки и протоколи. Пракса,која ако продолжи,состојбата ќе биде уште полоша, алармираат здравствените работници.

Пандемијата не е завршена, вирусот не е победен.Зголемување на бројот на заразени се должи на тоа што не се почитуваат мерките и препораките. Од минатата недела имаме два кластери, едниот е фамилијарен, лица од исто семејство,вториот кластер ни е кластер кој ни се провлекува од свадба – вели Др.Сузана Субашиќ – Центар за јавно здравје –Тетово.

Инаку, свадбите и семејните прослави само што започнаа и ќе траат цело лето,што воопшто не дава оптимизам дека во тетовско,состојбата со вирусот ќе се стабилизира.Но,за надлежните немало место за паника, ниту потреба од дополнителни мерки.

Ние не можеме да живееме затворени, граѓаните мора да имаат на ум, дека станува збор за нивното здравје, и кога се работи за вакцинација и кога се во прашање превентивните мерки.Треба да знаеме низ што поминавме, и да знаеме дека не може се да ни каже државата што да правиме, ние мора да функционираме – вели Филипче.

Најголем проблем и натаму останува криењето на контактите.Заразените пациенти не кажуваат точни информации за контактите, а со оглед на тоа што се од големи свадби, бројката може брзо да расте, односно,да се создават нови кластери околу двата веќе постоечки. Во моментов во Тетово има 60-тина активни случаи,но, нема хоспитализирани пациенти.              

Милена Вучевска          

      

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста