Свадби по строги правила, нема ни честитки, ни гушкања, ниту оро, рестораните под лупа на инспекции

Олабавување на рестриктивните мерки ќе има од 15 јуни, но ако здравствената состојба е добра, вели министерот за здравство. Тоа значи дека ќе може да се организираат настани, концерти, во текот на летните месеци.

Но олабавувањето на мерките не важи за сите. Музичарите утре излегуваат на протест, незадоволни од владините одлуки кои за сега не дозволуваат настапи во живо на веселби. Тие велат дека се единствени на кои сè уште не им е дозволено да работат и се чувствуваат дискриминирани.

  • И покрај сите напори, не музичарите не успеаја да ја раберерат логиката на последната официјална објава по одлуката на Владата за олабавување на мерките. Зошто свадбите и музичарите кои настапуваат по свадби би биле привилегирани сега во однос на другите? Каде се протоколите за мали настани (кафулиња, ресторани, ноќни клубови, барови, кафеани и други угостителски објекти) кои се предадоа изминатото лето, велат дел од музичарите. 

Паралелно, свадби ќе има, ама без гушкање, ракување и без оро. Барем вака предвидуваат протоколите преточени во 25 точки. Газдите се скептични дека се ќе биде по планот, но се надеваат дека нема да има прекршоци. Гостите кои ќе седат на летните тераси и не повеќе од 100, ќе бидат евидентирани со име и презиме, а прославата од страна на сопственикот во објектот треба да биде пријавена во Угостителската Комора.

  • При влез на сите ќе им се мери температура. Ако одат во тоалет во внатрешниот дел мора да носат маски. Музичарите треба да бидат одалечени најмалку 5 метри од најблиската маса и не смеат да се движат и да пеат помеѓу гостите, вели меѓу другото за Алфа Перица Голомеиќ, сопственик на ресторан за свадби.

За непочитување на протоколите за свадби предвидени се казни од 2.500 до 30.000 евра за локалот во зависност од големината. Дали на свадбите се почитуваат протоколите ќе контролира Пазарната инспекција, чии претставници седнаа на иста маса со угостителите да ги прецизираат протоколите.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста