Сузбиена криминална група поради трговија со марихуана, приведени 10 лица

Сузбиена криминална група поради трговија со марихуана, приведени 10 лица

Голема полициска акција во државата.  Уапсени се десет лица, од кои четири од Гевгелија, три од Струмица, две од Струга и едно лице од Демир Капија. Истите се теретат за неовластена набавка , продажба и пуштање во употреба на марихуана. При извршените претреси на локации во Струмица, Гевгелија и Битола запленети се пари и поголема количина на дрога која потекнува од правен субјект регистриран за извршување на дејност одгледување на зачински, ароматни и лековити растенија наменети за медицински цели, информират од МВР. Приведените лица ќе бидат изнесени пред судија на претходна постапка, а пронајдената дрога ќе биде дадена на вештачење.

Засега полицијата не открива имиња на лицата кои ја формирале криминалната група.  Сепак неофицијално во полициската мрежа се фатил и поранешен градоначалник  на струмичката општина Ново Село, кој пред пет години на јавноста и стана познат откако го фатија со шверц на цигари во близина на македонско-бугарската граница и заработи казна затвор од 18месеци.  Откако ја одлежа казната што му беше намалена, семејството на бившиот градоначалник се преструктуира и заедно со неговиот син влегоа во бизнисот  производство на електрична енергија . Во 2020 настанува промена во дејноста на фирмата, која откако добила лиценца почнала да се занимава со одгледување на канабис.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста