Супер лигата ќе го спаси фудбалот, порача Перез

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, сега и прв човек на новоформираното натпреварување од 12-те најбогати клубови, изјави дека Супер лигата е со цел да се спаси фудбалот од тотален пропаст. Перез меѓудругото вели дека УЕФА е монопол, и дека со актуелната Лига на шампионите, сите ќе продолжат да се дават. Сепак, новата лига на богаташкото друштво наиде на голем револт, не само кај УЕФА, која веднаш им се закани со радикални мерки, туку и кај клубовите, лигите, навивачите и фудбалските легенди ширум Европа и светот.