Сун-Цу од Кина и Тукидид од Европа

Сун-Цу од Кина и Тукидид од Европа

Премиерот на Унгарија Виктор Орбан го презеде претседавањето на Советот на ЕУ со својот
концепт ,, Да ја направиме Европа повторно голема’’. Во нашата јавност се актуелизираше
прашањето за неговата помош на Македонија во наредните шест месеци во делот на
проширувањето на Европската Унија како точка од споменатиот концепт ( скратено наречен
MEGA).
Еден дел од нашата јавност смета дека неговата улога ќе биде доста позитивна додека пак други
негодуват. Наместо да сме горди што сме стекнале еден интернационален пријател, се појавува
малодушност веројатно објаснета со стравот дека политичката и економска помош би можела
да биде ,,ветер во грб’’ на ВМРО-ДПМНЕ предводено од Премиерот Мицкоски.
Верувам дека во Европа се случуват нови процеси кои ќе придонесат за поголема внатрешна
кохезија и дека место за малодушност нема. Потребата од поголемо единство и одрeдена
централизација во ЕУ ќе придонесат кон добрата соработка на идната претседателка на
Европската Комисија Урсула вон дер Лајен со Македонската администрација по решавање на
многу важни прашања.
Европската Унија бара решение во кохезија, централизацијата е извесен процес во Европа,
нужна е поголема меѓусебна поддршка, наместо бирократска расправа, заради напредувањето
на големите сили од истокот. Особено поради политиката да се скротува ,,Кинескиот змеј’’
паралелно со руската инвазија, процес кој би можел повторно да биде на рамењата на
европјаните.
Процеси на соработка и коегзистенција на различни внатрешни сили. Клучниот момент кој ја
мотивира Кина и кој бара анализи. Односно поврзувањето на комунистичка Кина со
капитализмот, внатрешна помиреност на разни идеологии, трпеливост да се издржат два
различни системи и особено внимателното настапување на Кина на меѓународен економски,
политички и воен план.
Подигањето сепак се потпира на грандиозна историска расправа. Империјата не ја преживува
Кинеската револуција што доведува до создавање на нестабилна републиканска влада. Таа
нестабилност всушност се граѓански војни помеѓу комунистите и Куомитанг. Во текот на тој
процес ќе се отцепат Монголија и Тибет и ќе трае до Комунистичката револуција 1949 година.
Потоа комунистите со Мао ќе останат во Кина, додека Куомитангот поддржан од западот ќе се
задржи на денешен Тајван.
Историската приказна ги создава профилите на препознатливите принцови и револуционери.
Личности чиј животен пат и борба јасно го оцртува подемот на современа Кина. Најпрвин,
вистинскиот принц Пу Ји кој откако абдицира во времето на револуцијата го поминува теророт на
затворите до денот кога покаен затоа што бил император станува член на Националниот народен
конгрес. Понатаму Денг Сјаопинг од земјопоседничка фамилија кој ќе биде посетен од Џими
Картер со поддршка за процесот на инвестиции во Кина. Тука мора да се спомне и Чанг Кај Шенг

револуционерот кој се заедно со одредена буржоаска група се сели на Тајван помогнат од
западот. Си Џунгсин таткото на актуелниот Кинески претседател како дел од Црвените принцови. Тој успева да ја спаси кинеската комунистичка револуција, но во одредено време паѓа во немилост
на Мао заради критиките на системот. Живее на фарма казнет од системот.
Пу Ји се покајува за грешката што бил Император, но денес империјалната стратегија на
изненадување ги оживува старите мапи правени со старата вештина ,, претскажување со
помош на желка’’. Денг пак, ја развива теоријата дека капиталните инвестиции се основен
предуслов за напредок. Таткото на денешниот Претседател на Кина има заслуга за тоа што
денеска е градот Шенџен ( со БДП сличен на Торонто) дел од Силициумската долина на Кина.
Партијата на Чанг Кај Шенк наречена Куомитанг инаку Национална Партија на Тајван
разгледуваше предлог од Кина за мирно обединување, но победија прогресивците и сега е во
опозиција.
Иако приказната има азиски тонови неприфатливи за европското либерално уво, сепак може да
понуди пример за Европа . А тоа е меѓусебното трпење и барем привремено обединување за
потребите на совладување на предизвиците.
Спротивно од ова, коалицирањето на централистичките партии во Европа уште повеќе ги
мотивираше десните сили во Франција па, отворена е можноста Јордан Бардела да биде
премиер . Левичарите со протести ги запалија улиците на Париз. Генералната политика на
Европската Унија испадна дека не е поддржана од домашните гласачи, постојат европратеници
кои не се во ниту една од постојните политички групи и, такви кои се избрани како блогери без
политички план, дури и такви кои таму дошле од затвор.
За жал таква е сликата во Европа. Додека на исток трпение ги обединува принцовите и
револуционерите, комунистите и капиталистите, во Европа поделбите се изразени по социјална
основа ( драстична разлика во стандардот на поединци); по национални спорови (Орбан ги
штити своите Унгарци во Украина); на верска основа ( во Турција се расправа како Вселенскиот
Патријарх учествувал на Самитот во Швајцарија); според ставот за мигрантите, ставот за
абортусот, родовата политика…
Додека кинезот Сун-Цу советува за трпение и изненадување како стратегија, во исто време
Тукидид ја пишува историјата на пелопонеските војни кога откако ја победиле Персија,
европјаните меѓусебно завојувале со што дошло до крајот на класичните времиња.
Се разбира, паралелата на култури и системи помеѓу Европа и Кина e сложена, но сепак
единството ни е важно за понатамошниот период. Предизвик за Европската Унија е нов процес на
обединување, нови идеи, проекти и мерки кои би значеле демократско и прогресивно
помирување на разните сили, реално проширување и еднаквост.

Петар Трајков

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста