Судските пресуди ги оставија без работа медицинските сестри

         

              

  Причините за отказите од работа на шесте медицински сестри во Здравствениот дом во Битола веќе стануваат појасни, откако со свои реакции до нашата редакција се јави родител на една од засегнатите сестри која не била примена на работа, но и директорката д-р Весна Спиркоска која денеска одржа прес.

    На конкурсот од октомври 2018 година за вработување на девет медицински сестри, се пријавиле 62 кандидатки, по што било извршено рангирање по успех и знаење. Меѓутоа, од првите девет, директорката со примена на дискреционо право, наспроти ранглистата, одлучила да вработи само три, а останатите шест кои биле многу повисоко на листата и со многу помалку поени. Деветте сестри со работа започнале од февруари 2019 година. Веднаш потоа, две сестри кои биле меѓу првите девет рангирани поднеле тужби, а Основниот суд донел пресуда од март годинава со која за шесте сестри кои не биле меѓу првите девет, да се поништи конкурсот и изборот да се изврши според рангирањето,а не со дискреционо право на директорката. Останатите три си останале на работа. Оваа пресуда ја потврди и второстепениот суд на 16 јуни, а д-р Спиркоска морала да постапи по истата и на шесте сестри им дала отказ. Таа денеска, за сестрите се искажа најпофално, а сега чека од Врховен суд да се признесе за нејзиното дискреционо право, за кое обезбедила од Собранието автентично толкување, кое битолските судови не го прифатиле.

-Јас само ја спороведов пресудата на Апелациониот суд која беше извршна, со што, се поништува мојата одлука за избор на шест кандидати- медицински сест5ри по објавен оглас и конкурс. Одлуката на Судот е неприкосновена, правосилна и извршна. Нивното отсуство го отежна работниот процес во Здравствениот дом и заради тоа, сме во една фаза на барање согласност од Министерството за здравство за повторно вработување на нови 12 сестри, и тоа, шест со договор на дело и шест на неопределено работно време- рече директорката на Здравствениот дом во Битола д-р Весна Спиркоска.

Во меѓувреме, од двете тужителки и нивните родители, директорката добила кривични пријави за злоупотреба на службената положба, кои денеска таа не сакаше да ги коментира. Но, еден од родителите на засегнатите, кој е неколкудецениски лекар супспецијалист во Клиничката болница, ни рече дека намерно со одлука на Управниот добор се прави игра да не се обнови стариот конкурс, туку да се распише нов за дванаесет извршителки. Сега, останува отворено прашањето кое правно стојалиште ќе го брани Врховен, дали на Битолска апелација или на Собранието?

Петар Стефановски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста