Судскиот совет треба да се распушти, има доволно кадар за да се стави ред во правосудството
Судскиот совет во оваа форма треба да се распушти, но треба да опстои во некаква поинаква форма и со својот авторитет да дава насоки во кој правец треба да се движи правосудството – експертската јавност делумно се согласува со планот на премиерот Мицкоски за реформа на правосудството. Сметаат дека, покрај се, Македонија има еминентни професори по право, искусни адвокати, пензионирани судии, односно има доволно стручен кадар за да конечно се смогнат сили и еднаш засекогаш да се стави ред во правосудството.
Адвокатот Димитар Савовски како пример го посочува фактот дека до пред формирањето на сегашниот сусдски совет во 2006 година, системот за избор на судии функционирал подобро. Се потсетува како тогаш за да се стане судија потребно било да се помине повеќе и од 10 години како стручен соработник во суд, за разлика од сега кога тоа се прави само по волја на членовите во Советот. Судството се само регенерира, ако некој приправник е квалитетен и се избира квалитте, а не партиски членови, во текот на годините сигурно ќе стигне и до судија во највисокиот суд, вели Савовски.
Савовски вели дека небулозно е тоа што Судскиот совет има двајца поранешни стручни соработници кои ја оценуваат работата и на врховните судии. Тој како и многумина е зачуден како може актуелната и поранешната претседателка да се екс стручни соработници и никогаш не суделе, а токму тие ги оценуваат судиите.
Членовите на СУдскиот и на обвинителскиот совет со години се во фокусот на јавноста поради нивните скандалозни одлуки. За нивното однесување неколкупати досега реагираа претставниците на ЕУ и САД во земјава, а довербата на граѓаните е сведена на статистичка грешка.
Дебатата за распуштање на судскиот совет се разгоре откако премиерот Мицкоски го најави овој потег како клучен за реформа на правосудството. Идејата предзивика паника и хаос меѓу судиите, а против се изјасни и меѓународната заедница која бара да се спроведат препораките од оценката комиија на ЕУ, кои патем јавноста не ги видела. Но, премиерот не се откажува и вели дека и покрај сите ктжритики, догеа не добил ниту еден официјален предлог или идеја како на друг начин да се подобри состојбата во овој сектор.