Судот му го одзеде пасошот на Иџет Мемети, пиел кафе со обвинители и судии ама не бил дел од шемата со Наќе Георгиев

Судот му го одзеде пасошот на Иџет Мемети, пиел кафе со обвинители и судии ама не бил дел од шемата со Наќе Георгиев

Наќе Георгиев останува меѓу четири ѕида во Шутка, Иџет Мемети не смее да ја напушти Македонија. За Кривичен не беа доволни доказите со кои располагаат врховниот судија и обвинителот за да им ги олесни одредените мерки.

Членот на Советот на ЈО, освен што остана без пасош, има забрана да ја напушта државата, а ќе треба и повремено да се јавува во Скопскиот кривичен суд.

Мемети вели дека со Георгиев пиеле кафе, ама за предмети не зборувале. Идентично како и врховниот судија негира вина за влијание во предметот за Боро Стојчев алијас Боро Малборо.

„Видете, ова секако дека како човек ме погодува, меѓутоа и вчера имав изјава, не е добро да зборувам пред медиумите за работа која се води по судски пат. Но, ве уверувам дека многу брзо ќе заврши и на крајот ќе излезе дека ништо противзаконито не сум сторил. Ги знам јас сите и обвинители и судии, и се дружам, разговараме, пиеме кафе, едно-друго“ рече Мемети.

Мемети има право на жалба, но се уште нема одлучено дали ќе го направи тоа.

  • Мерките важат до правосилноста на постпаката, а против ова решение странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет на овој суд“ соопштија од Кривичниот суд Скопје.

Првоосомничениот, Наќе Георгиев се жалеше на притворот кој му беше определен поради опасност од бегство, влијание на сведоци и евентуално повторување на делото, но Кривичен одби да му ја олесни мерката.

И врховниот судија и членот на Советот на ЈО, се осомничени дека противзаконито влијаеле во претметот за екс градоначалникот Стојчев, а Георгиев беше фатен и со обележани 10 илјади евра во понеделникот. За време на апсењето Мемети не бил со него, но според обвинителството тие комуницирале како да му помогнат на Боро Малборо кој е во притвор.

Екс-градоначалникот кој давал пари за олеснителни околности во судскиот предмет, претходно се спогодил со обвинителството за казна затвор од 5,3 години. Истиот ден кога се уапси врховниот судија, Кривичениот суд ја прифатил договорената речиси минимална казна според КЗ за шверц на марихуана за Боро Малборо.

Тој се гони за неовластено пуштање во промет на наркотични дроги, дело извршено со мрежа на препродавачи – за кое е предвидена казна од најмалку пет години.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста