Судирот меѓу САД и Иран опасно ескалира
Судирот меѓу САД и Иран ескалираше. Oткако иранскиoт генерал Касим Сулејмани беше убиен во американски ракетен напад во Ирак, за ова Техеран се заканува со жестока одмазда а во земјата прогласена е тридневна жалост за убиениот генерал.
Американското министерство за одбрана соопшти дека наредбата за напад во близина на аеродромот во Багдад ја издал претседателот Доналд Трамп, како „чин на одбрана“. Се додава дека Сулејмани активно работел на планови за напад на американски дипломати и воени сили, а целта на американскиот напад е одвраќање на Иран од идни акции, аргументира Пентагон.
Непосредно по нападот, американскиот претседател Доналд Трамп објави твит без зборови, само со фотографија на американското знаме.
Покрај Сулејмани, во нападот е убиен и еден од лидерите на проиранските народно-мобилизирани сили, Абу Махди ел Мухандис,Ирачкиот премиер Адел Абдел Махди изјави дека нападот ќе предизвика војна во земјата и во регионот.
“Убиство на ирачки воен командант, кој има официјална функција е агресија против Ирак, ирачкиот државен апарат, ирачката Влада и ирачкиот народ.” – посочи Махди
Мислењата за ликвидирањето на иранскиот генерал и лидерот на шиитските сили се поделени.
“Убиството на Сулејмани и Абу Махди ел Мухандис ќе ги елиминира корумпираните страни кој го уништуваат Ирак.”- вели еден жител на Багдад.
“ Америка и Иран треба да ги решат проблемите надвор од Ирак ние не сакаме немири тука…бидејќи тоа не е корисно за нашата кауза. Овде на Плоштадот Тахрир не го славиме убиството на Сулејмани или кој било друг.” – рече еден од граѓаните.
Претходно оваа недела демонстрантите ја нападнаа американската амбасада во Багдад во знак на протест против воздушните напади на САД врз паравоени сили поддржани од Иран.Се смета дека убиството на Солејмани ќе донесе поголема ескалацијата на настаните во регионот од претходните американски операции во кои загинаа шефот на Ал Каеда, Осама бин Ладен и лидерот на екстремистичката Исламска држава Абу Бакр ал Багдади.Односите меѓу САД и Иран се влошија откако Вашингтон се повлече од нуклеарниот договор со Техеран во 2018 година по што ги зголеми санкциите врз Иран со цел да го спречи извозот на нафта.
Ања Василева