Судењето за 27-април го одби барањето процесот да се врати на главна расправа

Судот го одби барањето на одбраната, за враќање во доказна постапка на преметот „Oрганизатори на настаните од 27 април“ поради промените во обвинението, кои  обвинителката Вилма Русковска , ги направи на минатоделното рочиште. Адвокатите на одбраната продолжија со давање завршен збор за обвинетиот Трајко Велјановски. Според нив, обвинението не може да се потврди и ниту еден од обвинетите не го сториле делото „терористичко загрозување на уставниот поредок или безбедноста на државата“

Според одбраната, екс-спикерот Велјановски, конститутивната седницата во Собранието ја водел според Деловникот, а и не комуницирал со никој од обвинетите за  наводно планирање на упадот во Собранието. Адвокатот Миланов, истакна дека од прегледаните 30 илјади смс пораки од Велјановски, ниту една не покажала дека имало каква било комуникација помеѓу него и Владимир Атанасовски (поранешен директорот на УБК), Никола Бошковски (во бегство) и обвинетиот Миле Јанакиевски.

„За целиот овој период на обвинение Трајко Вељаноски воопшто нема комуникација со обвинетиот Владимир Атанасовски и со Никола Бошкоски (кој беше осомничен во истрагата, но не беше поднесено обвинение со оглед дека е во бегство). Она што како порота и суд можевте да го видите, а беа и изведени, се 30 000 пораки од телефонот на Вељаноски. Ни една комуникација со оние со кои наводно создал ваков план. Кога сме веќе тука, во таа насока, дека Владимир Атанасовски или Никола Бошкоски имале комуникација со Трајко Вељаноски не слушнавте од ниту еден сведок на обвинителството”,рече адвокатот.

Одбраната бара од судот ослободителни пресуди за сите обвинети бидејќи Обвинителството не успеало да ја докаже нивната вина. Судскиот процес, кој започна на 21 февруари 2020 година го води судијата Илија Трпков.

Викторија Миткова

Advertisements