Судењето против браќата Усеини одложено за 26 октомври

Уште не почнат-се одложи главниот претрес во судскиот процес против браќата Усеини.Во судницата не се појави обвинетиот Ибраим Усеини,а го немаше и натепаниот Спирко Топаловски.Првиот, Ибраим Усеини не седна на обвинителната клупа бидејќи утринава му се влошила здравствената состојба,а оштетениот Топаловски не се јави на рочиштето, бидејќи немало кој да му ги чува малолетните деца.

Придружуван од семејството и вработени во неговата градежна фирма, во судот се појави контроверзниот советник од ДУИ,Нефи Усеини.Иако според кривичната пријава, браќата Усеини се товареа за сторени кривични дела „насилство“ и „неовластено држење на оружје или распрскувачки матeријали“,тие сепак  одговараат само за ‘’насилство’’.Наспроти правните експерти според кои станува збор за тешко кривично дело за кое следи казна затвор и до 5 години,адвокатот на Усеини вели дека не се работи за потежок вид кривично дело,оти оштетениот Топаловски имал само лесни телесни повреди.

Во случајов станува збор за кривично дело кое што сепак претставува еден вид на загрозување на нечија сигурност, предизвикување страв, нерасположение,возбуда во јавноста.Меѓутоа не е во доменот на тешки кривични дела каде што може да има последица тешка телесна повреда или крајни смртна последица вели Димитрија Цобоски-адвокат на Нефи Усеини.

Пиштолот со кој што Топаловски бил удиран по главата, како што самиот тврдеше-повеќе никој не го спомнува.Пиштол немало, вели Цобоски,а  што точно се случило ќе се утврди во доказната постапка.Максминалната казна затвор за насилстов е 5 години,но минумалната е 6 месеци-потенцира искусниот адвокат Цобоски.

Главниот претрес се одложи за 26 октомври,ова ја отвора дилемата дали намерно ќе се одолговлекува судењето со одложување на ричиштата,се додека делото не застари ?

А ако не дојде судијата ќе се одржи судењето? Значи не е тоа дали ќе дојди Нефи или нема да дојде. Може да не дојде, може јас да не дојдам,може да се деси и нешто друго, судот да не работи вели Димитрија Цобоски-адвокат на Нефи Усеини.

За инцидент пред хотел во центарот на Охрид,има само еден сведок предложен од обвинителството.Инаку Нефи Усеини кој се товареше за неколку кривични дела кои ги спечали низ годините,сепак се води како неосудувано лице ,бидејќи има решение за бришење на казни.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста