Судење за „Софтвери“: Обвинителството читаше пораки на Рашковски

Рашковски го платил софтверот без да го тестира – новинарите кога ќе те грабнат: ова се пораките кои денеска обвинителството ги откри пред судот, дел од комуникацијата помеѓу Рашковски и 6-мината кои седат заедно со него на обвинителна клупа. Во март минатата година Рашковски со останатите договарале кога и како ќе го презентираат софтверот за сообраќајни прекршоци во Владата, а се допишуваат и за оној за биометриска идентификација. Рашковски заминува на одмор во Мексико, а во групата се праќаат линкови од текстовите во медиумите кои пишуваат за него.

22.03.2021 (текстуални пораки)

-Треба некое убаво соопштение да склопи Владата.  И дека ковидот ги одложил сите активности.

-Да, само да не се истрчуваа со изјави. Немаше ништо да биде.

– Да, да, дефинитивно

-Линк од порталот 360 Степени

-Овие од 360 намерно не се откажуваат

– Тие намерно напињаат по нарачка

-Да изгледа

-Супер е ова

-Ќе послужи многу

-Само приказна да се склопи

-Да, мора приказна

– Со план, како и кога да почне

До крајот на март и почетокот на април минатата година, обвинетите се договараат на кој комјутер и како да се постави софтверот за биометриска идентификација во Владата.

26.03.2021 (текстуални пораки)

-Ги пуштив овие клиентиве

-Супер се тие за биометриската, и таму е серверот

-Ама тој сервер нема да можат да го користат клиентите

-Серверот најдобро е на некој фиксен компјутер во Влада да се намести

-Може лаптопот да го фиксираме

-Немам интернет добар

-Ќе се видиме после секако

ТЕЛОП 11.05.2021 (текстуални пораки)

– Здраво Игор, тука си?

– Ако не уапсат ќе те барам да не ослободат

– Ха, ха

Обвинителство пред да почне рочиштето, побара судот да не го прифаќа барањето на одбраната за изземање на пораките од материјални докази. Одбраната претходно побара судот да не ги прифаќа како доказ, бидејќи вештакот на Обвинителстово немало лиценца, а и во Гонење организиран криминал и корупција немало форензика па според обвинетите, судот не може да им поклони верба. 

Според обвинението, Рашковски и уште шест лица ја злоупотребиле службената положба при спроведување на четири постапки за јавна набавка, и притоа во џеб си ставиле 300 илјади евра. Уште на првото рочиште екс генералниот секретар најави судење режирано како во Холивуд, а парите кои ги имал му биле од родендените и мекици на децата.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста