Судење за депонија во Струјга на лице место

На дивата струшка депонија која е оддалечена само 500 метри од првите куќи во градот се натрупани илјадници тони секаков вид отпад,па дури и животински и медициски отпад што претставува опасностпо животната средина, животот и здравјето на луѓето.Со вештиот наод кој е направен на барање на Македонското здружение на млади правници е утрдено дека депонија се протега на површина од 3 хектари,на длабочина од 10 метри и висина од 20 метри.Во неа годишно се одлегаат над 40.000 тони смет. Глувоста на институциите кои цели 15 години го игнорираат проблемот со депонијата, ги натера членовите на Македонското здружение на млади правници да поднесат тужба против Министерството за животна средина, Општина Струга и Ј.П. „Комунално.“

Ова чудовиште кое што се наоѓа во непосредна близина на Струга, треба да биде дислоцирано.Поентата на денешното рочиште за увид на лице место, е да го увериме и судот и јавноста и странките во постапката во големината на оваа депонија и потенцијалната идна штета која што би можела да прозлезе од истата вели Глигорие Ќатоски-адвокат.

Сливното подрачје на Црн Дрим е на околу 600 метри од депонијата,а крајбрежниот појас на езерото се наоѓа на нешто повеќе од 1 километар.Депонијата се наоѓа на плодното струшко поле каде во непосредна близина има и посеви чиј род завршува на пазарите, што е катарстрофално, велат од младите правници.

Од вештачењето кое се направи во рамките на овој продмет се покажува дека оваа депонија, односно отпадот кој што се одлага,а  можеме сите да го забележиме тука, претставува опасност не само за езерото и за граѓаните, би рекол генерално за целиот екосистем во околината-рече Бојан Трпевски-Мак.здружение на млади правици.

За правниот застапник на општина Струга депонијата не преставува опасност, го прашаваме дали истата претставува еколошка бомба?

Не, не е еколошка бомба не знам зашто мислите дека оваа дива депонија е различна од било која друга депонија, па и депонија која е лоцирана пред повеќе години на други различни места-рече Драган Коровешоски-адвокат на општина Струга.

Инаку,дивата депонија за која пред две години Мерко рече дека  е толку чиста, што таму може да се оди и на пикник повремено повторно чади и ги трие стружани. И на денешното рочиште не се  појави никој нити од општина Струга нити пак од министерството за животна средина. На хартија се обезбедија пари за депонијата, но таа не се дислоцира, единствено се направи претовара станица, која никогаш не профункционира.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста