Судење за 27-ми Април – пратениците тврдат дека Велјановски седницата ја водел согласно Уставот и Деловникот

Во Кривичниот суд денеска продолжи судењето за собраниските настани од 27 Април, случај во кој Обвинителството на Рускоска бара таканаречени  „организатори“ на „терористичкото загрозување на уставниот поредок“. Еден од сведоците во судот беше екс-пратенитот на СДСМ  и заменик министер за образование, Петар Атанасов кој  тврди дека поранешниот  спикер  Трајко Вељаноски конститутивната седница по изборите во 2016 година ја водел политички коректно, согласно Уставот и законите. Освен Атанасов сведоци беа и Фатил Зендели од БЕСА, Јован Митрески –пратеник од СДСМ, Алија Камберовски, Горан Манојловски и Љупчо Димовски кои пред судот кажаа дека Вељаноски седницата ја водел согласно Деловникот.  Судењето продолжува на 23-ти Ноември и 27-ми кога како сведок се очекува да се појави и премиерот Заев. Во продолжение изјавата на адвокатот Еленко Миланов.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста