Субвенциите ќе ги спасат оризарите – ако ги добијат

 Исплата на субвенциите за 2021 е едно од можните сценарија за оризопроизводителите од Кочанско  се спасат од досега најтешката година. Итната исплата, не значи и предвремена објаснува Ставре Јанев од Независниот земјоделски синдикат, посочувајќи дека во период кога се прават планови за старт на нова сеидба, овие пари се од голема помош на оризопроизводителите кои поради високите цени на ѓубривата , а ниска на арпата се задолжени до гуша. Дополнително ситуацијата ја влошува и актуелната политичка криза поради која што на дневен ред не е дојден предлого ковид мерката за дополнителни 3денари за која што веќе се алармираше   дека не ги опфаќа сите земјоделци.

 „Само по себе кажува каков е односот кон земјоделците кога не може да се постигне цена од 55 до 60 денари за килограм ориз. Отука сметаме дека со сета сериозност Владата и ресорното министерство треба под итно да ги прифатат барањата со цел да се создадат услови за земјоделците се подготват за идната проиѐводствена година„-изјави Ставре Јанев-Самостоен синдикат на земјоделци.

Прашавме и во Агенцијата за поддршка на земјоделието дали ќе го прифатат барањето и ќе им излезат во пресрет на оризарите. До овие вести не добивме одговор.

Оризопроизводителите до Владата доставија листа со која бараат бришење на каматите за заостанатите придонеси, ослободување од закуп за државо земјиште, зголемување на контрола на квалитетот на вештачките ѓубрива и преперати, како и слободен увоз за регистрираните земјоделци. Доколку барањата не им се исполнат оризопроизводителите се заканија со нови порадикални протести и блокади на патиштата.

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста