Студентски живот со по едно евро дневно за храна

32 грама свинско и 15 грама говедско месо дневно , а месечно им следува дури една банана, ваков е студентскиот живот во Македонија. Студентите од студентските домови во Скопје каде во руинирани и студени простории  живеат, учат , но и да се молат кровот од тоалетите да не им падне врз глава, со едно евро дневно за храна го минуваат денот. Ова го покажува најновото истражување на Младинскиот образовен форум.

Од договорот за јавна набавка на овошје и зеленчук склучен во 2018 година може да се види дека се купени 4,000 кг банани. Ако овие количини се поделат со бројот на студентите, ќе се добие по колку банани им следувале годишно, а тоа се приближно околу 1,5 банани годишно, односно по една банана месечно”, се наведува во истражувањето.

Според истражувањата на Јуроп Хаус МОФ, студентите добиваат овошен јогурт од два до три пати во годината, а согласно пакувањата на киселото млеко, произлегува дека на секој трет студент му следува по едно канче, велат од организацијата.

Она што е општа слика во јавноста за преживувањето на студентите е тоа дека тие за да се прехранат  единствено се потпираат на сопствените родители, односно на месечните пакети пратени од дома, па затоа секојневна слика на тарасите на домовите се теглите со ајвар, туршија….

Она што е алармантно е што од година на година се повеќе се намалува бројот на студенти кои престојуваат во студентските домови, а тоа е резултат на лошите услови во домовите, но и на масовното иселување на младите од државата, велат од МОФ.

Студентите апелираат за подобри услови за животво домовите. Инаку пред пратениците ќе се најде закон по скратена постапка за субвенциониран студентски оброк.

Во него се предвидуваат по 120 денари или 2.400 месечно за секој студент за здрав студентски оброк. Правото на субвенциониран студентски оброк да го уживаат студентите што се државјани на Република Македонија и се запишани како редовни на додипломски студии на државните или на приватните универзитети.

Meри Ѓорѓиевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста