Студентите контра министерот- испитите во јуни треба да се полагаат на факултет, а не онлајн

По завршувањетпо на вонредната состојба, владините уредби немаат важност и тогаш одлучуваат универизтетите како ќе се полага. Студентите контра изјавите на министерот за образование Адеми кој рече дека не смее да организираат испити и колоквиуми со физичко присуство. Според последната одлука која ја донесе претседателот на државата вонредната состојба завршува на 30 мај, а полагањата започнуваат на 1 јуни. Универизтетот „Кирил и Методиј“ веќе донесе одлука летната сесија да биде продолжена за две недели, односно наместо до 30 јуни да се полага до 14 јули. Оттука студентите гледаат можност испитите наместо онлајн да се полагаат на факултетите според одреден потокол.

  • „Адеми со неговата вчерашна изјава прави груба повреда на начелото на автономијата на високото образование. Адеми кој впрочем е правник, треба да знае дека после 30 мај ако не се продолжи  вонредната состојба Уредбата станува обично парче хартија. Значи за начинот и за време на полагањето на сесијата одлучуваат универзитетот, факултетот и студентите. Ние како ФСС на правен факултет неможеме да предвидуваме каква ќе биде состојбата , но  бараме министерот да не се меша   во начинот и времето на реализација и ќе чекаме зелено светло од Комисијата на заразни болести и соодветен протокол за одржување на истите“ – Кристијан Зумроски – претседател на ФСС на Правен факултет. 

Министерот Адеми пак вели дека знае за петицијата за полагање на испити со физичко присуство на студентите, но потенцираше дека се уште  е на сила одлуката за полагање електронски.

  • „Дури и ако решиме да имаме промена во указот со законска сила во овој поглед, испитите да се одржат физички, ќе се одржат и ќе се организираат по одобрувањето на протоколот во Владата“- Арбер Адеми- министер за образованиe ( 20.05.2020) .

Последниот збор за тоа како ќе полагаат летово студентите ќе го има Комисијата за заразни болести, која ако одлучи дека тие можат физички да присуствуваат на полагањата ќе треба да излезе со протокол . Студентите претходно имаа и петиција против екелтронското полагање, зошто сметат дека таков начин на оценување нема да даде квалитет и ќе подлежи на разни манипулации.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста