Студентите гневни на власта – кулминира револтот од лажните ветувања

Студентите гневни на министерот за образование Адеми. Со месеци чекаат исплата на стипендиите од страна на министерството. Велат дека неколку пати алармирале за ова, но министерството само го пролонгирало исплаќањето од месец за месец.

  • Немаме никакво известување. МОН не комуницира со нас, ниту студентите имаат информации што се случува со стипендиите. Едноставно министерството одлага, ескивира да даде одговор зошто се доцни. Велат дека се исплаќаат во редовен рок иако не се исплаќаат.Голем дел од студентите се исплатени две рати, но има голема група од студентите кои нема добиено ниту една исплата. Министерството го игнорира тој факт и постојано одлага дека ќе се исплатат на крај на април, на крај на мај, на крај на јуни па сега на почеток на јули и тоа сега е еден лавиринт од кој нема излез -вели Борјан Ефтимов – Студенско Собрание УКИМ.

Велат дека Арбер Адеми 3 години нема мрднато со прст за студентите, . Ефтимов од студенстското собрание смета дека министерот за промена треба да инвестира во образованието кое е на дното на Европа.

  •  А факт е дека ништо не се прави. Адеми три години е министер а нема мрднато со прст за образованието. Нема ниту инвестиции во високо образование, недостигаат кадри, образованието ни тоне секоја година се подолу и подолу. Што е битно дали Македонец, Албанец или Финец министерот за образование ако образованието тоне? наведува Борјан Ефтимов – Студенско Собрание УКИМ.

Доколку не се променат итно состојбите студентите се подготвени и за порадикални чекори.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста