Студентите бараат помош од Владата

Студентите оставени на цедило. Финансиска помош Владата распредели за сите, освен за студентите. Од Универзитетското студентско собрание за Алфа велат дека ќе поднесат барање и ќе бараат од Владата да ги вметне во пакет мерки за борба против корона пандемијата.

„Соопштението го пуштивме во јавноста со кое бараме да се вклучи високото образование во сетот мерки“, изјави Илија Колев- Потпретседател за финансии на Универзитетското студентско собрание.

Од Студентското собрание велат дека Трошоците се зголемени особено со онлајн предавањата и полагањата, но пари и помош нема. Велат скоро сите студенти на ваков или онаков начин работеле, дали како хонорарци или вработени за да си овозможат егзистенција, а сега останаа без работа и седат дома без никаква финансиска помош.

„ Денес приходите на студентите се сведени на 0 а тие речиси и воопшто да не се опфатени со ниту една мерка од сетот мерки кои Владата ги усвои до сега“, додава тој.

Потпретседателот на студентското собрание Илија Колев тврди дека како што можат другите држави од регионот да дадат финансиска помош можат и нашите власти. Србија и Грција се земји кои веќе преземаа мерки за поддршка на студентите.

Соседна Србија најави финансиската помош од 100 евра за секој полнолетен граѓанин, што подразбира и студентите.

Грција пак, ги намали кириите на студентите за 40 отсто, со оваа мерка се опфатени сите оние кои се далеку од своето живеалиште и се економски зависни од своите родители.

Симона Србиноска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста