Стружани со протести и тужби ќе си го бараат правото за редовно снабдување со вода

Стружани кои со месеци вода не виделе,не само што ќе превземат порадикални мерки, туку најавуваат и тужби против општина Струга и јавното претпријатие “ Водовод”.Водата велат не е стока за широка потрошувачка, туку основно човеково право,не е ли срамота да молиме за вода?

Не дека е време на пандемија и дека е задолжително вода да имаме,туку и без пандемијата вода се знае, ословно човеково право. Овој проблем се провлекува со години и некој треба да го реши-рече Тања Бах-жител на Струга.

Иначе треба непослушност,треба некои помасовни протести, блокирање патишта пошто овој проблем не се решава, го имаме веќе многу години-рече Горан Трифуноски-жител на Струга.

Опозициските градски советници велат дека уште пред 3 години побарале решавање на проблемот со водоснабдувањето кога им било кажано дека наводно бил изготвен проект со кој ќе се овозможи користење на езерската вода за пиење како што тоа го прават охриѓани.Но ништо од тоа,велат советниците кои обвинуваат за недомаќинско работење на јавното претпријатие “ Водовод”.

Факт е дека има огромно недомаќинско работење во ова Ј.П. години наназад,продадена е и зградата на претпријатието, е сега не знаеме каде завршиле тие пари.Имаше кривични постапки за некои директори кои користеле реперезентации по 200.000 евра назанад, а пари не се вложени во санирање на оштетувањата, во реновирање на мрежите кои и тоа како се стари и оштетени.30 % од водата се губи токму поради тие причини-вели Ален Деребан-советник.

Никој не знае за колку пари се продаде не само општинската зграда во која беше сместено претпријатието, туку и целата парцела вклучивајќи и дел од кејот на реката Дрим каде што и се наоѓа продадената,ислучително атрактивна локација на која можеби утре ќе никне зграда- велат советниците.

И додека тие обелоденуваат што се’ се правело во општинското јавно претпријатие, граѓаните се подготвуваат за тужби.

-Доколку стружани претрпат штети,можат да покренат парнична или кривична судска постапка,но главниот проблем е нефунционирањето на институциите. Граѓаните  постојано покренуваат вакви и слични иницијативи но факт е дека во Македонија, моментално извршната власт не функционира и не се превземаат никакви дејствија. Граѓаните ќе го изгубат и спорот и парите, затоа што јавното претпријатие ќе бара оправдување во пресушените извори или некоја друга вонредна околност-појаснуваат за Алфа правни експерти кои ги консултиравме.Но ова не ги обесхрабрува стружани кои се решени правдата да ја земат со свои раце.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста