Стружани се дигнаа на протест за водата

Стружани на протест- трагедија е велат во 21 век во време на пандемија да нема ниту капка вода за обавување барем на елементарните човекови потреби. Сушата е само изговор за неспособноста на надлежните и општината да го решат проблемот со водоснабдувањето во Струга кој се провлекува цела деценија, за сега состојбата да биде крајно аларманта.

 “Значи тоа е дирекно влијание на нашите животи, значи живееме цело време под стрес. Јас разбирам можеби суша во наводници како што се вадат одговорните, меѓутоа суша е секаде низ светот а не само во Струга. Така да овај проблем треба да се реши сериозно. Не знам општината и надлежните што е друго поважно од вода, некој да ми објасни!” – објаснува Тања Баџ-жител на Струга.

 “Има стари луѓе, изнемоштени стануваат на вечер, не можат да извршат нужда па туриваш вода. Ајде ние можеме, ама има стари, има деца, млади со бебиња на 5 спрат што живеат.” –  вели Дејан Јанкоски – жител на Струга.

Стражани се жалат на пречестите дефекти на старата и дотраена водоводна мрежа. Цевките пукаат, вода цела година им рече по улици, но надлежните не реагираат. Додаваат и дека голем проблем се и дивите приклучоци.

 “Не се проблем само рестрикциите кои што се прават наводни поради немање доволно вода, проблем е што на секој втор ден ние немаме вода од технички причини,поради пукнати цефки,загадена вода, недоволно користење на хлор. вели Васко Јолески-жител на Струга.

“И да се реши спорот со сите соседи кога ќе дојди време за да влезиме, ќе речат стоп бе, овие не се миени, смрдени се луѓево, кај ќе одите во ЕУ. Ангела Меркел ќе рече ШАЈЗЕ стоп.” – вели Трифуновски Горан.

Откако го најавивме протестот, велат организаторите тече по некоја капка вода во текот на денот, за потоа од 22 часот па се до 5 часот наутро без претходна најава целосно ја усклучуваат. Ова е невидена тортура, принудени сме да полниме садови со вода за секојдневните потреби, а бојлер,машина за перење и други уреди  уклучуваме на скапа струја. Ни останува или да се миолиме на Бога да заврне или да се бањаме во Дримот-огорчени се стружани. Од Ј.П. Водовод кусо, велат декапресушиле изворите кои Струга ја снабдуваат со вода за пиење. Додека најдат чаре, ќе има рестрикции.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста