Стружанецот Јолески се откажа од бугарското државјанство- „ Не може некој да си поигрува со нашето достоинство“

Стружанецот Васко Јолески кој пред 17 години се стекнал со бугарско државјанство за да може своевремено да работи во Словенија и Италија, денеска по писмен пат до една од бугарските конзуларни претставништва во земјава испрати поднесок за откажување од државјанство и пасош. Се одлучив на ваков чекор вели, бидејќи за да и наштети на нашата земја, Бугарија многу лукаво ги злоупотребува и користи македонските граѓани кои се одлучиле да извадат бугарски патни исправи, најчесто од егзистенцијални причини.

– Сметам дека ниту една привилегија што ја нудат европските исправи не е доволна да ја компензира штетата што и се нанесува на македонската држава.Не може некој да си поигрува со нашето достоинство.Пред се’ достоинството на еден  човек е над се’  над сите привилегии што ги нуди патната исправа од земја членка на ЕУ, изјави Васко Јолески

Никогаш не помислив дека Бугарија еден ден ќе покаже вакво непочитување и понижување на македонскиот народ и нашата држава затоа што немаше такви индиции кога јас го извадив пасошот во далечната 2003-та година вели Васко кој одлучи да се откаже од бугарското државјанство иако неговото здравје е сериозно нарушено.

– Јас сум пациент кој чека трансплантација на срце,европска исправа би значела полесно доаѓање до таа операција.Во било која европска земја ги уживам истите права како и секој државјавин на таа земја од Европа.Но, зошто би ми бил потребно продолжување на животот кога совеста не би ми била мирна,а достоинството би ми било прегазено од онај кој што ќе ми го понуди тоа добро, дополнува Јолески

Можеби со овој чекор, бугааските власти ќе ме прогласат за персона нон грата и ќе ми забранат влез во нивната држава, но тоа мене не ме засега.Сакам да се чувствувам убаво во македонска кожа,префатен во нашата Македонија,затоа ги охрабрувам сите македонци кои поседваат бугарско државјанство да се откажат од него,следејќи го мојот пример.

Инаку се калкулира со бројка од околу 100.000 македонци кои поседуваат бугарско државјанство.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста