Струмичките актери најавуваат протест

Министерката  не изнајде решение за поништување на изборот за директор, како што од неа минатата недела побараа струмичките актери.На чело на Центарот за култура останува Васил Бубев, професорот по физичка кулура. Актерите најавуваат протести и не отстапуваат од барањето за поништување на огласот.

Од ресорното министертво пак се кетегорични. Министерката нема правен основ да се поништи огласот. Сугерираат во наредниот период вработените и директорот да најдат заеднички јазик за надминување на ситуацијата. Од министерството посочуваат дека Бубев бил со најдобра програма , а имал и комплетна документација..

Изборот за директор на Центарот за култура „Антон Панов„ ги шокира актерите, но и културните работници во целата држава. Актерите од Струмичкиот театар покренаа и иницијатива„Фис-култура или култура„за поништување на изборот за директор. На неа беа потпишани над 260 уметници кои од министерката побара да се стави крај на партиските вработувања.

 На конкурсот распишан во декември мината година покрај професорот по физичко , аплицираа и актерка со 30годишно искуство и културен менаџер  кои беа одбиени поради нецелосна документација. 

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста