Струмичанец по трет пат јаде ќотек поради земен кредит од Вице Заев?

Нов напад врз струмичанецот Митко Ѓоргиев. Тврди дека пред неполна недела, откако јавно зборувал за криминалите на Заеви, физички бил нападнат од телохранителот на Вице Заев. Нападот се случил на 25-ти февруари, во вечерните часови и за среќа овој пат поминал само со лесни повреди. Во меѓувреме вербално била нападната и неговата ќерка. Ѓоргиев раскажува дека ова му се случува трет пат, објаснувајки дека пред две години брутално бил нападнат пред сопругата.

      „Веќе по трет пат сум нападнат и тоа лично од бодигардот на Вице Заев. Момчето ниту го знам,ниту го познавам. Проблемот е токму во тоа, бидејќи јас сум човекот кој прв во медиумите ги открив криминалите на Заеви, преку нивната менувачница, потоа штедилница Пеон за лихарство„- изјави Митко Ѓоргиев.

   Ѓоргиев веќе подолго време говори против фамилјата Заеви, тврдејќи дека земајки заем од 10.000 евра за болничко лекување, преку штедилницата Пеон намерно бил втурнат во лихварска  мрежа  и требало да плати дополнителни 20.000евра. Нашиот соговорник додава дека списокот на семејства од Струмица кои живеат во должничко заложништво на Заеви, е голем.

 „Значи цел град е ставен под лихварство.  Фамилијата Заеви земат камати над 30% што е тешко кривично дело. Никој во оваа држава , иако неколку пати имам јавено дека Пеон врши лихварство во оваа држава, не се презема ништо. Тоа кажува дека Јавното обвинителство,полицијата и судството се под контрола на фамилијата Заеви, што е многу жално за Македонија„– изјави Митко Ѓоргиев.

  „Митко Ѓоргиев е манипулатор.Ниту сум го видел, ниту сум порачал да го тепаат„- тврди за Алфа  Вице Заев братот на премиерот. Рече дека ќе се потруди  да го открие  вистинскиот напагач. Неговиот телохранител  веќе дал изјава во полиција и има алиби.   Што се однесува пак до кредитот, Ѓорѓиев го зел пред петнаесетина години и чесно си го исплати. И тогаш од Народна банка му одговорија дека каматните стапки во тој период се усогласени согласно правилникот,а поголем дел од сумата што требал да ја исплати се должела на одложување на постапката за извршување, додава во телефонскиот разговор Вице Заев.

Бидејќи Ѓоргиев има и бугарско државјанство, случајот доби и меѓународна димензија.

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста