Струјата поскапува најверојатно за речиси 40%, не очекува нов електричен ценовен шок

Сметките за струја би се зголемиле за 38%, од 1-ви јануари, според првичните барања на енергетските компании. Претседателот на „РКЕ“ Марко Бислимовски за „Канал 5“ рече дека го чекаат и барањето од „МЕПСО“, а нивните пресметки покажуваат 60% поголеми трошоци, што би значело дополнителни зголемување на крајната сметка. Освен „МЕПСО“, се очкеува и барањето на „ЕВН Хоум“.

Бислимоски рече дека пристигнало првото барање од компаниите за зголемување на струјата, при што Електродистрибуција побарала зголемување на цената на струјата од 100%.

  • „Побарано е 100% пред се зголемени трошоци за загуби. Вкупно се 140 милиони евра заради надворешни влијанија, нема нови вработувања таму. И доколку се прифати 33 – 34% на крајна цена. Доколку е така крајна цена дополнително 4%, значи без ЕВН 37-38% зголемување,“ изјави Марко Бислимовски, претседател на РКЕ.

Од Владата уверуваат дека поскапувањето нема да надмине 10%. Но Регулаторната комисија сепак ќе го има последниот збор. Ако се прифатат барањата на енергетските компании за нивните загуби, трошоците ќе паднат врз грбот на граѓаните. Во неизвесноста јасно е и ако поскапувањето е 10%, трошоцие на компаниите ќе мора од некаде да се надоместат, со пари од буџетот, а тоа значи со пари од граѓаните.

Министерот за финансии рече дека за да се ублажел ценовниот шок, ќе се зголемело сопственото производство, односно во фукнција ќе се ставеле сите компании за производтсво на струја.

  • Во буџетот за 2022 година предвидени се дополнителни 10 милиони евра за докапитализација на ЕСМ, а се проширува и програмата во опфатот за антикризни ковид и други кризи во земјата, за што се резервирани околу 90 милиони евра. Дополнително се предвидени 30 милиони евра во Програмата за зелен развој, рече Бесими.

Дополнително, проблем повеќе од следната година е што ДДВ-то од сегашните 5% се враќа на 10%, плус поскапиот увоз. А капак на се ќе биде и евентуалното укинување на евтината тарифа. Пресметките на една конкретна сметка од 3.209 денари, покажуваат дека таа би се зголемила на 4.043 денари.

И поктај ова, министерот уверува дека ценовниот шок немало значително да се почувствува.

За колку точно ќе пораснат сметките за струја, ќе се знае кон крајот на овој месец. Понудата што А.Д. „ЕСМ“ ја достави на петтиот тендер на „ЕВН Хоум“ изнесува 41 евро за мегават час, односно зголемување за 13,6% повеќе од сегашната цена.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста