Струјата поскапе лани, но ЕСМ и МЕПСО книжат милионски загуби во евра

Државните компании и јавните претпријатија, се на чело на листата на  најголеми загубари во Македонија.. Лидер е АД ЕСМ. Елекстростопанството на Македонија влегло во минус од неверојатни 16,8 милиони евра во 2020 година. На ЕСМ, во топ петте најголеми загубари од државниот сектор друштво му прават и: МЕПСО, двете компании од железничкиот сообраќај Железница – Инфраструктура и Железница – Транспорт и АД за услуги во воздухопловна навигација М-НАВ. Сите заедно направиле вкупна загуба од 47,8 милиони евра покажува анализата на Pari.com.mk во соработка соБизнисМрежа.мк.

Она што е опасно за загубите на компаниите од државниот и од јавниот сектор што тие директно преку цената, или индиректно преку услугите, удираат по грбот на народот се наведува во анализата.

Државната компанија ЕСМ е рекордер не само по загубите, туку и по бројот на вработени и по направените приходи и расходи. Компанијата сега има 4.802 вработени, или имало дури 910 нови вработувања од 2007 година.

Експертот  за енергетика, Констадин Димитров неодамна за Алфа рече дека Електро-стопанство на Македонија и МЕПСО, компании со кои директно управува Владата, и покрај големите добивки за две години потонале во минус а како резултат на тоа бараат зголемување на цената на електричната енергија.

Незнаат, неквалитетен кадар, пишува шнајдерки, флизерки ќе вработуваат во МЕПСО, не може така, ги трошат парите. Чии пари ги трошат, вашите пари. Ако нема ќе позајмат, ама пак ние ќе ги враќаме нема Владата. Зошто регулаторна не каже дека за производство на електрична енергија просечно во светски рамки толку и толку луѓе?  Регулаторна има можност да ги одбие барањата на компаниите ако смее, што не верувам. Ќе направи како што ќе им наложат, и затоа што ако каже треба толку вработени не ти признавам 1000 плати за вработени, и ете од еднаш нема потреба да се зголеми-вели Констадин Димитров-експерт.

Првиот човек на регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски мината година по покачувањето од 7,4 проценти на електричната енергија  рече дека МЕПСО, ЕСМ и ЕВН крајот на годината ќе го дочекаат со салдо еднакво на „позитивна нула“, наместо да ја завршат 2020 со загуби ама годината ЕСМ ја заврши со минус од 16,8 милиони евра а МЕПСО со 5,8 милиони евра.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста