СТРУГА И СИЛЕКС ИГРААТ ВО ВТОРОТО ПОЛУФИНАЛЕ ОД ФУДБАЛСКИОТ КУП НА МАКЕДОНИЈА

Во Струга се игра завршницата од второто полуфинале во фудбалскиот куп на Македонија. На полувреме домаќинот Струга која се бори за прво финале водеше со 1-0 против Силекс кој има далеку повеќе искуство во овие натпревари со оглед на тоа дека веќе има два трофеја во второто клупско фудбалско натпреварување. Инаку од вчера е познато дека во финалето во мај ќе играат фудбалерите на Академија Пандев кои славеа кај Македонија Ѓорче Петров со 3-1 и практично имаат шанса да го одбранат пехарот со оглед на тоа дека лани немаше завршница, а тие славеа во 2019-тата.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста